ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК И ЏЕСИКА БИЛ ВО ТАЈНОСТ ГО ДОБИЛЕ ВТОРИОТ СИН

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил го добиле второто дете, објави весникот „Дејли мејл“, додавајќи дека тие цело време ја држеле бременоста во тајност.

Триесет и осумгодишната актерка се породила порано оваа недела, проширувајќи го семејството со уште еден син. Првото дете, синот Сајлас Рендал, тие го добија пред пет години. Тимберлејк и Бил не објавуваа свои фотографии на социјалните мрежи од март и се верува дека во меѓувреме престојувале во својот дом во Биг Скај, Монтана.

Поп ѕвездата и американската актерка се венчаа во 2012 година и раѓањето на вториот син доаѓа осум месеци по малата брачна криза, кога тој беше снимен во романтичен момент со Алиша Уенрајт, колешката од филмот „Палмер“. Тимберлејк потоа ѝ се извини на Бејл, тврдејќи дека направил погрешна проценка.