Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, објави дека е бремена со четвртото дете. Таа кажа дека треба да се породи кон крајот на јули.
„На Уша и бебето им оди добро“, беше објавено на профилот на втората дама на САД на Икс.
Уша (40), чии родители дошле во САД од Индија, го запознала Венс во 2010 додека била студент на Правната школа на Јејл, се венчаа во 2014 и потоа ги добија децата Еван, Вивек и Мирабел. Пред да стане втора дама на САД, имаше адвокатска кариера.
(Фото: АП)