ТИТУЛИ ЗА МЛАДИТЕ МАНЕКЕНКИ НИНА ЦРНОКРАК, ЛИНА НАСТЕВСКА И АНГЕЛА ВАНЕВСКА НА ТИНЕЈЏЕРСКИ НАТПРЕВАР ЗА УБАВИНА И ТАЛЕНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Нина Црнокрак (14) ја освои главната награда на интернационалниот избор за убавина и талент „Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, што се одржа во Банско, Бугарија.

На овој натпревар за млади модели таа настапи како претставничка на Македонија преку модното студио „Црнокрак“. Покрај титулата за најубава во својата категорија, Црнокрак доби и диплома за успешно претставување на меѓународната сцена.

Нина Црнокрак. Лина Настевска и Ангела Ваневска (Фото: Модно студио „Црнокарк“)

Награда доби и Лина Настевска (17) како победник во конкуренција на модели, а Ангела Ваневска победи во конкуренција на Мис.
Трите девојки се членки на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели. Изборот се одржа во организација на „Интерстуд“, најстарата модна агенција во Бугарија