Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци освоија титули на изборот за Мис на Европа кој се одржа во Бејрут, Либан.

Јулијана Ѓорѓиевска ја освои титулата петта придружничка, а Соња Арсовска за најдобар костим.
Македонските модели се натпреваруваа во конкуренција со 50 девојки од цела Европа. Победничка е претставничката на Русија, Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција.

Двете девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор.
„Финалето се одржа во клубот ‘Куора’ во Бејрут, во организација на либанската агенција ‘Стајл ивент’ која веќе 20 години е организатор на изборот за Мис Европа. Јулијана остана во Бејрут на изборот за ‘Следен светски топ модел’ на кој ќе ја претставува Македонија“, вели модниот менаџер Мики Црнокрак.