ОБЈАВЕН ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА ТРЕТИОТ ДЕЛ НА „АВАТАР“, ПРЕМИЕРАТА Е ВО ДЕКЕМВРИ

Лос Анџелес, (Вараети)

„Дизни“ го објави првиот трејлер за третиот дел на „Аватар“, насловен „Fire & Ash“, кој доаѓа во кината на 19 декември. Времетраењето на филмот не е објавено, но режисерот Џејмс Камерон претходно кажа дека ќе биде подолг од „Патот на водата“, кој трае три часа и 12 минути.

Трејлерот ги враќа фановите во Пандора и претстави две нови племиња, Винд Трејдерс и народот Еш.

„Аватар“, објавен во 2009, останува филм со најголема заработка во историјата од 2,9 милијарди долари на светско ниво, додека „Патот на водата“ е на третото место со 2,3 милијарди долари.

Камерон претходно најави дека четвртиот дел ќе излезе на 21 декември 2029, а петтиот на 19 декември 2031.