Кели Озборн кажа дека го изгубила својот најдобар пријател откако нејзиниот татко Ози Озборн почина на 22 јули на 76 години, неколку недели по спектакуларниот проштален концерт во Бирмингем.
Зад сцената на хуманитарниот концерт, Озборн се сврши со својот долгогодишен партнер Сид Вилсон, член на бендот „Слипнот“. Многумина членови на семејството тогаш беа на трибините на стадионот „Вила парк“, додека на бината се изменуваа бендови како „Металика“, „Слеер“, „Тул“ и „Ганс ен роузис“.
Во својата прва објава по смртта на татко ѝ, Кели Озборн сподели стихови од баладата „Changes“ на „Блек Сабат“.
„Се чувствувам несреќно, толку сум тажна. Го изгубив најдобриот пријател што некогаш го имав“, напиша таа.
Кели ја сними оваа песна во дует со Ози во 2003, што изби на првото место на британската топ-листа. Познато е дека двајцата биле многу блиски.
Семејството Озборн не ја објави причината за смртта на „кумот на хеви металот“, но познато е дека тој години се бореше со Паркинсоновата болест и хронични проблеми со рбетот.