ЈУСЕИН БОЛТ ОБЈАВИ ДЕКА ДОБИЛ БЛИЗНАЦИ

Кингстон, (Би-Би-Си)

Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт објави дека добил близнаци, чии имиња се Тандер и Сент Лио. Триесет и четиригодишниот Болт ја сподели веста на Инстаграм за Денот на татковците.

Болт и неговата партнерка Каси Бенет не открија кога точно се родени близнаците. Тие веќе се родители на едногодишната ќеркичка Олимпија Лајтнинг.

„Болт е карпа на ова семејство и најдобриот татко на нашите дечиња“, напиша Бенет под друга фотографија на Инстаграм.

Олимпија Лајтнинг е родена во мај 2020, а нејзиното име беше откриено дури два месеца подоцна. За разлика од првата бременост на Бенет, двојката овојпат ништо не најавуваше на социјалните мрежи.

Болт се повлече од атлетските патеки во 2017 како светски рекордер на 100 и 200 метри, а потоа неуспешно се обиде да почне фудбалска кариера.