ЛЕГЕНДАТА НА РЕАЛ, ФЕРНАНДО ЈЕРО, ЧЕКА ДЕТЕ СО ХРВАТСКАТА НОВИНАРКА ФАНИ СТИПКОВИЌ

Загреб, (Индекс)

Легендарниот шпански фудбалер Фернандо Јеро (55) објави дека чека дете со хрватската новинарка, водителка и манекенка Фани Стипковиќ, една година откако и официјално потврдија дека се во врска.

Стипковиќ лани откри дека го запознала Јеро во 2019, кога службено била во Мадрид. Во средината на минатата година се дозна дека се свршиле.

Јеро 28 години беше во брак со Сонија Руис, со која има две деца. Се разведоа во 2019. За Реал Мадрид играше од 1989 до 2003 и освои 17 трофеи, а во тој период беше незаменлив и во шпанската репрезентација. Тој беше и селектор на Шпанија на Светското првенство во Русија во 2018.

(Фото: Инстаграм)