АКУСТИЧНОТО ДУО „ТРЕТО КОЛЕНО“ ГО ОБЈАВИ ДЕБИ АЛБУМОТ „ПРОСТОР БЕЗ ДВИЖЕЊЕ“

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Објавен е деби албумот на битолското акустично дуо „Трето Колено“, насловен „Простор без движење“. „Трето Колено“ е нов проект создаден од Пеце Брада Трајковски, кој е член на „Фолтин“ и на „Моира“ и поетот Дејан Деки Марковски.

Албумот е снимен во една сесија во живо, миксан и мастериран е од Ивица Јанкуловски во студиото „Алшар“ во Скопје. Цртежот на корицата е на Зоја, а графичкиот дизајн го изработи Гоце Веселиновски.

Изданието излезе на 13 февруари на сите дигитални платформи под етикетата на „Филтер Лабел“.

„Издавањето на албумот ‘Простор без движење’ претставува симболично заокружување на една година сонлив надреализам. Музичкиот материјал во осум чина (песни), со текстови на македонски и англиски јазик е левитирачко корзо низ сублиминалните катчиња на потсвеста и миризливи сеќавања на совршени средби, во симболичен вакуум простор“.

Албумот може да се слушне и преземе од следниов линк.