АРМИН ВАН БУРЕН ЌЕ НАСТАПИ НА СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА НА 3 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Големата ѕвезда на електронската музика Армин ван Бурен се враќа во Македонија по долго време со настап во Битола. Настанот ќе се одржи на 3 август на стадионот „Петар Милошевски“, со почеток во 22 часот.

Организатор е „Авалон“, кој со оваа журка ја надополнува серијата настани на отворено за летово, покрај концертите на „Масив атак“, „Џокер аут“ и Ник Кејв. Цените на картите ќе бидат објавени вечерва.

Како диџеј и продуцент, Ван Бурен (48) е активен на музичката сцена речиси 30 години и магазинот „Диџеј маг“ петпати го прогласи за најдобар диџеј на светот. Неговиот деветти албум ќе излезе кон крајот на овој месец.

Фото: Г. Конев