Популарниот британски пост-панк бенд „Ајдлс“ (Idles) е првиот потврден хедлајнер на следното издание на Д фестивал, кој лани се пресели од Дојран во Штип. Фестивалот следната година ќе се одржи од 26 до 28 јуни.
Бендот кој важи за концертна атракција е основан во Бристол во 2009 година и досега има објавено пет студиски албуми, од кои „Ultra Mono“ од 2020 и „Crawler“ од 2024 се искачија на првото место на британската топ-листа. „Ајдлс“ исто така добија пет номинации за Греми во 2023 и 2025 година. На доделувањето во февруари конкурираа за наградите за најдобра рок изведба, најдобра рок песна и за најдобар рок албум.
Влезниците за Д фестивал се веќе пуштени во продажба.
(Фото: Фејсбук)