ДИМИШ, „ДЕМЕНСИ“ И „НОВИОТ ПОЧЕТОК“ МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА СЕДМИОТ АНДЕРФЕСТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седмото издание на рок фестивалот Андерфест ќе се одржи на 7 ноември во Младински културен центар во Скопје. Најавени се настапите на седум бендови и музичари од современата македонска алтернативна музичка сцена.

Оваа година, на Андерфест ќе можат да се слушнат „Лост ин ревери“, „Аудиоцигла“, Димиш, „Занаду“, „Деменси“, „Големата вода“ и „Новиот почеток“ (фото), со што ќе бидат опфатени повеќе музички стилови.

Организаторите најавуваат уште повисоко ниво на продукција, динамична атмосфера и простор каде што ќе се слави вистинскиот дух на независната музичка сцена. Билетите се во продажба преку drugastrana.mk.