Дојран ја продолжува традицијата на својот летен музички фестивал и откако оригиналниот Д фестивал замина од градот и од оваа година се одржува во Штип.
Новата верзија на Ф-фест ќе трае три дена, 25, 26 и 27 јули и ќе собере 40-ина музички имиња од земјава и регионот. Меѓу најавените учесници се „Суперхикс“, „Ареа“, грчкиот диџеј Мосел, хрватскиот бенд „Ниплпипл“, Мими Мерцедес, Сенида, „Фанк шуи“, „Последен удар“, Никифор, Феки Фарис и други.
Во мај беше објавено дека градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, склучил меморандум за соработка со „Висуал продакшн“ од Струмица како нов организатор на овој летен фестивал.
„Фестивалот ќе биде во ист формат и стил како досега. Ќе има камп зона, во градскиот парк ќе има две сцени со целодневна програма, а главната бина ќе биде на паркингот на ‘Гранит’, каде ќе настапат познати музички имиња“, рече тогаш Ангов.
Фото: СМАРТ СДК.МК