Наум Петрески сними нова песна насловена „Една солза“. Пејачот на народна музика вели дека му е драго што испеал емотивна балада која му се допаднала на прво слушање.
Комплетен автор на песната е Јован Василевски, со кого Петрески има долгогодишна и успешна соработка.
„Новата песна е најава на интензивен и креативен период кој следува за Наум Петрески. Публиката може да очекува многу нови песни, видеоспотови и интересни соработки. Покрај тековните проекти, се најавува и нешто големо, што ќе се реализира во 2027 и ќе биде еден од најзначајните моменти во кариерата на Наум Петрески“, велат од тимот на пејачот.