ГРЧКИОТ ДИЏЕЈ И ПРОДУЦЕНТ АРГИ НА 13 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Грчкиот техно/хаус диџеј и продуцент Арги, кој живее во Англија, ќе настапи во Скопје на 13 декември во салата „Борис Трајковски“.
Арги, чие вистинско име е Аргирис Теофилис, е познат по своите енергични сетови и уникатен стил, а соработувал со музичари како Соломун и Мартинез брадрс. Музичката кариера ја започнал на почетокот на 2000-тите во клубови на Ибица и Миконос.
„Во арената ‘Борис Трајковски’ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди, со сценографија и визуелни ефекти. Арги гостува во Скопје по настапите во Атина, Париз, Берлин и други европски градови“, велат организаторите, продукцијата „Прагма“.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.