ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „МРТОВ КОЊ“ НАЈАВИ СЕРИЈА КОНЦЕРТИ ВО СКОПЈЕ ОВАА НЕДЕЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачката куќа „Мртов коњ“ најави серија настани во Скопје оваа недела, при што од денеска до 12 септември ќе се одржат неколку концерти и една работилница. Ќе има и гости од Хрватска, САД, Италија и Виетнам.

Стражар (Мартин Џорлев) денеска ќе одржи концерт во Канал 103 од 20 часот, а утре во „Паб Ѕе“ од 21 часот настапуваат хрватското гараж-панк трио „Дед џоук“ и „Кајзер Созе“.

На 10 септември, во „Буква“ ќе има работилница за теремин и концерт на Александар Ордев и Импруф, а на 11 септември во кино Фросина во МКЦ свири бендот „Ташмамагандаз“, во кој членуваат Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски.

За крај, на 12 септември во КИЦ настапува италијанско-американското дуо „Пасепарту“ (фото), кое од формирањето до денес е на непрекината турнеја. Гостин ќе им биде домашното дуо „Алембик“.