„КАНАЛ 103“ ЈА ПОЧНУВА ПРОСЛАВАТА НА 35. РОДЕНДЕН СО НАСТАПОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ МУЗИЧАР БЕН ВИЛЕР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Канал 103“ планира да прослави 35 години од своето постоење со низа настани во и вон радиото. Ова ќе започне на 21 февруари со настан во „Котур“ насловен „Стотројка: Нова пролет“ (20 часот).

На програмата ќе бидат настапите на Бнелети, Медарски и Сенс.

Бнелети е соло проект на Бен Вилер (фото), американски музичар, композитор и етномузиколог кој живее во Тбилиси, Грузија. Настапувајќи со електрична гитара, азербејџански саз и модуларен синтисајзер, Бнелети ги поврзува грузиската полифонија и азерската гитарска традиција со дарк амбиент, дрон, експериментална електроника и суптилни примеси на блек метал.

Дарко Медарски ќе се фокусира на електроника во живо и органско техно, а вечерта ќе ја заокружи Тео Симоновски од „Стотројка“ со диџеј сет.