Српската рок група „Канда, коџа и Небојша“ се враќа во Скопје по повеќе од десет години пауза. Таа ќе одржи концерт во „Јавна соба“ на 27 септември со почеток во 21 часот.
Предводен од пејачот Оливер Нектаријевиќ, бендот беше формиран во 1990 во Белград, а првиот албум го објави шест години подоцна. Досега има издадено девет студиски албуми.
Музиката на „Канда, коџа и Небојша“ претставува мешавина од алтернативен рок, даб и реге, но вистински идентитет на бендот му го дава гласот на Нектаријевиќ.
Картите се по цена од 800 денари.
(Фото: Фејсбук)