ЛЕГЕНДАРНОТО ЕЛЕКТРОНСКО ДУО „ОТЕКР“ ПРВПАТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарното англиско електронско дуо „Отекр“ (Autechre) ќе го има својот прв настап во Македонија следната година, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 2 октомври. Настапот е дел од есенската европска турнеја на дуото.

Дуото „Отекр“, зад кое стојат Роб Браун и Шон Бут, е основано во 1987 година, во раната фаза на создавањето на современата електронска сцена. Музиката на „Отекр“ еволуирала во текот на нивната кариера, од рани, мелодични техно снимки до подоцнежни апстрактни, експериментални и комплексни композиции.

Првиот сингл го издадоа во 1991, а до денес имаат објавено 15 студиски албуми.

Билетите ќе бидат во продажба од 4 декември.

(Фото: Фејсбук)