Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано сними песна со дуото „2Бона“ насловена „Минус и плус“.
Музиката, текстот и аранжманот заеднички ги напишаа Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и „2Бона“. Видеото го режираше Стефан Димитриески.
„Презадоволен сум, го погодивме ‘вајбот’ што го сакавме. Реакциите се одлични и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа“, вели Тони од „2Бона“.
„Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколкупати го зборувавме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите“, рече Кун, другиот член на дуото.
„Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас“, кажа Лозано, кој на 7 март одржа концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.