НОВ АЛБУМ НА „БЛОНДИ“ ИЗЛЕГУВА КОН КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Њујорк, (НМЕ)

Њујоршките њу вејв икони „Блонди“ најавуваат нов албум. Гитаристот Крис Стејн кажа дека тој треба да излезе во последното тримесечје од годината и дека ќе содржи снимки од неодамна починатиот тапанар Клем Берк.

„Клем свири на целиот албум“, изјави Стејн, додавајќи дека не се сигурни дали ќе одат на турнеја.

Берк, кој свиреше на сите претходни албуми на „Блонди“, почина од рак на 70 години во април годинава. Пејачката Дебора Хари претходно изјави дека не може да се замисли да настапува без него.

„Тажни сме поради заминувањето на Клем. Без него на сцена, не можам да се замислам да настапувам како ‘Блонди‘, иако сум лицето на бендот. Но, горда сум на музиката и сѐ уште би сакала да правам музика“, рече таа.

Глен Матлок од „Секс Пистолс“ свири бас гитара на новиот албум, прв за „Блонди“ од 2017.

(Фото: Гети)