Сопраанот Полина Тасева ќе биде гостинка на концертот „Цветна симфонија“ на „Битолскиот оркестар Дива“ кој ќе се одржи на 30 ноември во Филхармонијата од 20 часот. Ќе настапат сопранистките: Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази Рамадани а ќе диригира Владимир Димовски.
Претходно, овој концерт се одржа во Херклеја во Битола на 30 јули. Како солистки настапија истите сопранистки како и мецосопранот Марина Коруновска и хрватската виолончелистка Ана Руцнер.
Полина Тасева дипломира на отсекот за соло пеење на Факултетот за музичка уметност-Скопје во 2016, а своето образование го надградува со магистерски студии по интерпретација и композиција, кои ги завршува во 2019. За време на студиите настапува на бројни концерти организирани од ФМУ, како и со оркестарот на Националната опера и балет.
Во 2016 имаше оперско деби на сцената на Националната опера и балет во улогата на Рита од комичната опера „Рита“ на Гаетано Доницети, а истата година настапува и во улогата на мајката на Црвенкапа во истоимената детска претстава, премиерно изведена на Мајските оперски вечери.