Албумот на британската женска група „ФЛО“, „Access All Areas“, на кој работеше и македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, е номиниран за престижната музичка награда Греми. Џајковски, кој работи и под псевдонимот БигСлав, е еден од авторите и продуцентите на песната „On&On” од номинираниот албум.
„Access All Areas“ е номиниран во категоријата најдобар прогресивен аренби албум, кој по излегувањето изби на првото место на „Епл мјузик“ во САД и Велика Британија.
Греми наградите по 68. пат ќе бидат доделени на 1 февруари во Лос Анџелес. Ова е прва номинација за Матеј Џајковски, кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес.