„РЕДИОХЕД“ ЈА НАЈАВИ ПРВАТА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА ПО СЕДУМ ГОДИНИ ПАУЗА

Лондон, (Ројтерс)

Редиохед“ најави европска турнеја од 20 датуми во ноември и декември, што ќе бидат првите настапи во живо на рок-групата по седум години пауза.
„Минатата година се собравме на проба, чисто од зезање. По седумгодишна пауза се чувствувавме навистина добро што повторно ги свириме песните и што можевме повторно да се поврземе со музичкиот идентитет што се вгнездил длабоко во сите нас петмина“, напиша тапанарот Филип Селвеј на Инстаграм.

На претстојната турнеја „Редиохед“ ќе има по четири концерти во Мадрид, Болоња, Лондон, Копенхаген и Берлин.

Бендот предводен од Том Јорк ја заврши последната турнеја во 2018 и ова му беше најдолгата концертна пауза во кариерата.

(Фото: АП)