СВЕТСКО ШОУ СО БОГАТИ СЦЕНСКИ ЕФЕКТИ НА ДИЏЕЈ АРГИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Богато сценско шоу направи грчкиот диџеј Арги вчера (13 декември) во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.
Диџејот, кој живее во Англија и е популарен низ цела Европа дојде во Македонија во рамките на неговата европска турнеја.
Фото: СМАРТ.СДК.МК
Арги, чие вистинско име е Аргирис Теофилис, е познат по своите енергични сетови, а соработувал со музичари како Соломун и „Мартинез брадрс“. Музичката кариера ја започнал на почетокот на 2000-тите во клубови на Ибица и Миконос.
Фото: СМАРТ.СДК.МК
Вчера, на сцената на „Борис Трајковски“ беа поставени големи ЛЕД платна, светлосни ефекти и аудиотехнологија по светски стандарди. Младите се забавуваа неколку часа во ритамот на хитовите на Арги и уште неколку диџеи кои настапија пред него. Арги дојде во Скопје по настапите во Атина, Париз, Берлин и други европски градови, а настанот го организираше продукција „Прагма“ која летово ги донесе светски популарните диџеи Џејсон Деруло и Хугел во Охрид.
М.ЏАРОВСКА