„Т.Б. ТРАЧЕРИ“ ДОБИЈА КОМПИЛАЦИСКА ПЛОЧА „ГРЕЈТЕСТ ШИТС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот кумановски рокенрол бенд „Т.Б. Трачери“ го доби своето прво винилно издание во повеќе од 30-годишното постоење. Албумот насловен „Грејтест шитс“ е компилација на некои од најпознатите песни на групата предводена од Кирчо Арсовски.

Во издание на „Корпус деликти рекордс“ на Тошо Филиповски, на албумот се најдоа 12 песни избрани од четирите студиски албуми на „Трачери“, снимени во периодот од 2001 до 2011 година.

Извршен продуцент на изданието е Тошо Филиповски, а мастерингот го правеше ДЈ Гоце. Датумот на промоцијата дополнително ќе биде објавен.

(Фото: Фејсбук)