Пејачката и актерка Суки Вотерхаус и актерот Роберт Патинсон го чекаат првото дете. Триесет и едногодишната Вотерхаус ја обелодени убавата вест за време на настапот на музички фестивал во Мексико, каде што укажа на своето трудничко стомаче.
Патинсон (37), кој се прослави во серијалот „Самрак сага“ пред да направи завидна филмска кариера, е во врска со Вотерхаус од јули 2018 година. Тие првпат се појавија заедно на црвен тепих минатиот декември, откако дотогаш не откриваа многу за врската.
Веста дека Патинсон ќе стане татко предизвика лудило меѓу неговите фанови на социјалните мрежи.
(Фото: Гети)