БРИЏИТ ЏОНС НÈ НАУЧИ ДА БАРАМЕ ДОБРИ ДЕЧКОВЦИ, ВЕЛАТ МЛАДИТЕ ОБОЖАВАТЕЛКИ НА ФИЛМОТ ОД АНГЛИЈА

Лондон, (Би-Би-Си)

И покрај тоа што оригиналната книга „Дневникот на Бриџит Џонс“ беше објавена во 1996 година и филмот во 2001, се чини дека Бриџит Џонс ги плени срцата на генерацијата З, кој не беше родена кога романот на Хелен Филдинг за првпат беше објавен.

Филдинг вели дека ѝ е „утешно“ што жените во нивните 20-ти имаат вистински интерес за неволјите на Бриџит. На потпишувањето на нејзините книги, таа вели дека „половина од публиката е од генерацијата родена од крајот од 1990-тите до 2010“.

Пред објавувањето на новиот филм „Бриџит Џонс: Луд по него“ со Рене Зелвегер во главната улога кој во „Синеплекс“ во Скопје ќе игра од 13 февруари, Би-Би-Си разговараше со жени во 20-тие години за животните лекции што ги научи ликот.
„Летото пред да почнам во средно училиште, украдов искината копија од ‘Дневникот на Бриџит Џонс’ од полицата на моите родители и ја прочитав во една ноќ скриена под мојот јорган. За мене, тоа беше библија за животот на возрасните“, вели Јасмин Руфо.

„Опсесијата на Бриџит Џонс со Даниел Кливер беше мојот живот во моите 20-ти. Бркав лоши момчиња бев и зависник од драмата. Моите пријатели и јас бевме во здодевни секојдневни врски, и тоа е исто како Бриџит. Но, она што навистина ми се допаѓа е како таа (на крајот) сфаќа дека заслужува подобро“, вели Нур Нанџи.

„На почетокот, Бриџит е олицетворение на жена која мисли дека ѝ треба маж за да преживее, но до крајот на првиот филм, таа нè учи да ги цениме добрите дечковци и да не толерираме луѓе кои изневеруваат“, рече Софи Тајлер од Јокшир.

„Мислам дека ако Бриџит беше создадена во денешно време, некои од оние попроблематичн елементи на нејзиниот лик би можеле да се променат, но тоа би било штета, бидејќи тоа е дел од нејзиниот шарм“, рече Софи Гвилим од Кардиф.

 

Фото: Алами