Серијата на Ејч-Би-О, „Куќата на змејот“, ќе има уште две сезони, а четвртата ќе биде последна, изјави кокреаторот Рајан Кондал на прес-конференција. На 5 август беше прикажана последната, осма епизода од втората сезона.
Кондал најави дека во тек е пишувањето на сценаријата за третата сезона, подготовките ќе почнат есенва, а се планира продукцијaта да стартува на почетокот на 2025.
На новинарско прашање дали и третата сезона ќе има осум епизоди како втората, Кондал рече:
„Не сум разговарал со Ејч-Би-О за тоа. Само би очекувал постепен раст на серијата, од перспектива на раскажување приказни“.
Оваа серија е заснована врз книгата „Крв и оган“ на Џорџ Р.. Р. Мартин, која ја раскажува приказната за куќата Таргарјен.
(Фото: Ејч-Би-О)