Николас Кејџ ќе биде водител на нова серија на „Нетфликс“ која ќе ја истражува историјата на пцуењето. Секоја од шесте епизоди ќе се фокусира на една од највообичаените пцовки во англискиот јазик.
Дваесетминутните епизоди ќе имаат и познати гости, а во нив ќе учествуваат и лингвисти, психолози и лексикографи. Серијата ќе почне да се емитува на 5 јануари.
И покрај тоа што често игра гласни и проблематични ликови, едно неодамнешно истражување покажа дека Кејџ не е меѓу десетте глумци во Холивуд кои најмногу пцујат. За ривалскиот стриминг сервис „Амазон прајм“ Кејџ ќе снима биографска серија за Џо Егзотик, контроверзниот Крал на тигрите, кого го прослави документарната серија на „Нетфликс“.