Холивудските актерки Рис Витерспун и Кери Вашингтон се здружија во нов проект: телевизиска адаптација на бестселерот „Мали огнови насекаде“.
Ѕвездите на популарните ТВ-серии „Големи мали лаги“ и „Скандал“ изјавија дека се заинтересрани за проектот и дека би сакале да работат заедно.
Книгата на Селест Нг, која излезе лани, ги раскажува животите на две семејства во 90-ите години, кои живеат во Охајо и кои се поврзани преку нивните деца.
Двете актерки ќе глумат и ќе ја продуцираат мини-серијата, преку нивните продуцентски куќи. Адаптацијата ја работи Лиз Тигелар, која ќе биде и извршен продуцент на серијата, заедно со писателката. Тие изјавија дека сѐ уште не разговарале со ниту една телевизиска мрежа.