Еден од најуспешните американски ситкоми на сите времиња „Сите го сакаат Рејмонд“ ќе добие српска верзија. Таа има работен наслов „Сите го сакаат Андрија“, а во насловната улога ќе биде Андрија Милошевиќ.
„Задоволство е да се работи со вака одличен текст и врвни колеги. Се разбира, ова ќе биде наша верзија“, изјави Милошевиќ.
Режисери на серијата се Огњен Јанковиќ од хип хоп групата „Београдски синдикат“ и Предраг Личина, автор на филмот „Последниот Србин во Хрватска“. Снимањето, што ќе трае четири месеци, ќе се одвива во специјално направена куќа, а премиерата е планирана догодина.
„Сите го сакаат Рејмонд“ имаше девет сезони од 1996 до 2005 година и освои 15 Еми награди.