Супермоделот Жизел Биндшен го роди своето трето дете, објави порталот „Ти-Ем-Зи“. Засега не се познати ниту полот, ниту името на бебето.
Ова е прво дете на 44-годишната манекенка со нејзиното момче Хоаким Валенте (37). Биндшен пред три години се разведе од фудбалската ѕвезда Том Брејди, со кого има 15-годишен син и 12-годишна ќерка.
Биндшен и инструкторот по џиу-џицу се во врска од јуни 2023, но првпат биле забележани заедно во ноември 2022.
(Фото: Инстаграм)