ЗЛАТНА БУБАМАРА ВО КОВИД УСЛОВИ ПОСВЕТЕНА НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дваесет и четвртата Златна бубамара, која се одржа синоќа со строги протоколи среде ковид пандемијата, беше посветена на здравствените работници, кои се вистинските херои на новото време, рече синоќа организаторот Ранко Петровиќ, кој се појави во празната сала „Борис Трајковски“ без камери и публика.

Притоа се доделија награди во повеќе традиционални категории, но согласно со околностите, и награди во неколку новодефинирани категории, како пандемиски хит, карантинско шоу, корона хит позитивен и најоптимистички песна и спот.

Ова е листата на наградени на 24. Златна бубамара

  • Најпопуларна детска ТВ-емисија – „Дајте музика“
Екипата на „Дајте музика“ (Фото: Златна бубамара)
  • Најпопуларна детска анимирана серија – „Светот на Биби и Боби“
  • Најпопуларна едукативна програма – „5+ фамилија“ за ТВ-училница
  • Најоптимистички пандемиски хит и спот – „И ова ќе помине“ од „Хладно пиво“ и онлајн френдс
  • Пандемиски хит – „Корона чао“ од Александар и Дац
  • Карантински концерт – „За црвена зона – Ташмајдан“ од Бајага и инструктори
  • Рок хит – „Корона хит позитивен“ од „Забрањено пушење и Елвис Џ. Куртовиќ
  • Награда за трајни вредности – Драгољуб Мичко Љубичиќ
  • Спортски коментатор – Тони Стојановски
  • Спортски народни херои – Фудбалска репрезентација на Македонија
  • Најпопуларен ТВ проект – „Преспав“
  • Музички продуцент – Мите Димовски
  • Албум на годината – „Тафталиџе шафл“ од Влатко Стефановски
  • Музичко карантин шоу – „Дубиоза колектив“
  • Песна на годината – „Ето песна“ од Раде Шербеџија
  • Најхумористична ТВ-емисија – „Зевзекманија“
  • Кавер албум – „Незаборавни“ од Биба Додева
  • Награда за трајни вредности – Рамадан Шукри