ЗООЛОШКАТА ВО ТОКИО ГО СЛАВИ РЕТКИОТ СЛУЧАЈ НА РАЃАЊЕ НА ПАНДИ БЛИЗНАЦИ

Токио, (АФП)

Зоолошката градина во Токио го објави раѓањето на панди близнаци, што е редок случај кај овие животни. Петнаесетгодишната Шин Шин се породила денеска, а полот на мечињата засега не е познат.

„Ова е првпат да се родат панди близнаци во Јапонија. Кога слушнав дека се две, скокнав од среќа“, изјави директорот на зоолошката градина Јутака Фукуда.

Големите панди многу тешко се размножуваат како во дивина, така и во заробеништво, а раѓањето на двојки е исклучително ретко. Тие многу ретко се грижат за двете мечиња истовремено, па едно беше ставено во инкубатор.

„Мечињата ќе ги заменуваме за да можат и двете да го искусат природното хранење“, кажаа од зоолошката.

Шин и Шин и нејзиниот партнер Ри Ри се позајмени од Кина и првото мече го добија во 2017.