ЕВА ЛОНГОРИЈА РОДИ СИН

Лос Анџелес, (Хелоу)

Ева Лонгорија ја објави првата фотографија од својот син, потврдувајќи дека се породила на 19 јуни во Лос Анџелес.

Сантијаго Енрике Бастон е прво дете за 43-годишната холивудска актерка, која две години е во брак со мексиканскиот бизнисмен Хосе Пепе Бастон.

„Ние сме многу благодарни за овој прекрасен благослов“, кажаа Ева и Хосе за американскиот магазин „Хола!“.

Во текот на бременоста, Лонгорија често споделуваше информации на социјалните мрежи и непосредно пред да се породи напиша дека „пешачи секој ден за да излезе бебето што побрзо“.

„Фала Богу што од ова искуство ќе излезе човечко суштество“, се пошегува Лонгорија.

Ова е трет брак за Лонгорија, откако пред осум години се разведе од славниот француски кошаркар Тони Паркер.