ЗНАКОТ НА „МЕРЦЕДЕС“ – НОВА АТРАКЦИЈА НА СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопје од денеска има нова атракција, откако симболот на „Мерцедес“ беше поставен на зградата на новиот деловен центар „Премиум“, што се наоѓа пред салонот на оваа автокомпанија.

Знакот го постави „Мак аутостар“, кој е официјален претставник на „Мерцедес-Бенц“ во Македонија и инвеститор на зградата. Поради сложеноста на изведбата, беше изработена посебна конструкција на покривот на зградата.

Ѕвездата е превезувана во делови, а составувањето, што се одвиваше на самото место, и поставувањето се извршија за кусо време од само два дена.

Ваков знак стои и на „Европа центар“ во Берлин и непречено се врти 50-ина години.