„Мерцедес-Бенц“ го произведе првиот примерок на новиот „мајбах С-класа“, со што истовремено одбележа редок јубилеј: 50 милиони произведени автомобили. Ова ги опфаќа сите модели на брендовите „Мерцедес-Бенц“ и „Смарт“ произведени во изминатите 75 години.

„‘Мерцедес-Бенц‘ отсекогаш бил синоним за луксуз. Затоа сум многу горд на овој специјален јубилеј. Педесет милиони возила е значаен дострел во историјата на нашата компанија, но и извонреден успех на нашиот тим. Сакам да им се заблагодарам на сите колеги од нашите фабрики низ цел свет, кои со страст и знаење ги остваруваат желбите на нашите клиенти“, изјави Јерг Бурцер, член на управата на „Мерцедес-Бенц“.

Јубилејниот примерок е произведен во новоотворената „Фабрика 56“ во германскиот град Зинделфинген.