Фитнес блогерката Хана Полајтс, која се стекна со голема популарност со своите фотографии на Инстаграм, откри дека бројот на следбеници на социјалната мрежа почна драстично да ѝ се намалува откако таа почна да објавува друг тип на слики.
Минатата година, нејзиниот живот доживеа голема промена со раѓањето на прекрасната ќерка Евалаја Грејс со нејзиниот вереник Гарт. Иако на Хана од тој момент ѝ се зголемија млади мајки следбенички, таа забележа дека многу од нејзините следбеници од машкиот пол изчезнале.
„Дефинитивно сум изгубила многу машки следбеници и лица што можеби не ги интересираат бебињата“, изјави таа. „Меѓутоа, сметам дека моите следбеници пораснале заедно со мене и девојките кои тогаш беа 20-годишни, сега имаат по 26 и сигурно сакаат да видат повеќе слики бебиња и брак“.
„Тие сакаат да ме знаат, а Евалаја е дел од мене. Сепак, се обидувам да не споделувам многу слики со неа, бидејќи таа не е причината поради која што луѓето одлучиле да ме следат во самиот почеток“, додаде таа.