Ријана стана првата црномуреста жена која се појавила на насловната страница на британското издание на магазинот „Вог“ во неговата 102-годишна историја.
Откако беше објавено дека Бијонсе ќе биде на насловната страница на септемвриското издание на американски „Вог“ и дека за првпат насловната ќе ја слика црномурест фотограф, моќниот магазин најави дека ја ангажирале Ријана за Велика Британија поради нејзината моќ да крши граници.
„Отсекогаш знаев дека тоа мора да биде Ријана. Кога станува збор за таа моќна комбинација на мода и слава, никој нема таква моќ како Ријана“ вели Едвард Енинфал, првиот црномурест уредник на списанието.
„Без оглед на тоа колку е висок стилот или како експериментира со расположението, неа никогаш не ја губите во големата слика. Таа секогаш е Ријана. Има лекција за нас во сето тоа. Без разлика како ќе се облекувате оваа сезона, земете лист од нејзината книга и бидете сами”, напиша Енинфал во уредничкиот прегдовор.