Стендап комичарот Стефан Николовски ќе одржи и втор настап во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на 13 декември, откако се распродадени билетите за првиот, закажан за 12 декември.
Настанот е насловен „Ацо наш“.
Поради големиот интерес на публиката, „Прагма“ продукција закажа уште една вечер, за која, според нив, остануваат малку слободни места.
Николовски е првиот македонски стендап комичар кој ќе настапи со самостојно шоу во Арената. Двете шоуа се најавени како голема продукција посветена на домашниот хумор.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.