ШОУТО „МОДНА ПОЛИЦИЈА“ ЗАВРШУВА ПО 22 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (АП)

Долготрајната серија на телевизијата „Е!“, „Модна полиција“ ќе заврши следниот месец со специјално финале посветено на починатата креаторка и водителка на шоуто Џоан Риверс.

Серијата почна во 1995 година и стана стандарден дел од разните доделувања на награди, каде што Риверс го коментираше изгледот на ѕвездите на црвениот тепих. Серијата продолѓи со емитување по смртта на Риверс во 2014 година со нејзината ќерка Мелиса како ководител.

Телевизиската мрежа соопшти дека „Модна полиција: Збогување“ ќе се наврати на највпечатливите моменти од 22-годишното емитување на шоуто, а ќе има и изненадувачки гости од ѕвездите. Ќе има неемитувани сцени од шоуто со Џоан Риверс.

„Модна полиција: Збогување“ ќе биде емитувано на 27 ноември.