И ОВА ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕЕМЕ – ПАНДЕМИСКАТА ЗЛАТНА БУБАМАРА ПРИСТИГНУВА ДЕНЕСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Годинашното, 24. вонредно пандемиско издание на Златна бубамара на популарноста пристигнува денеска, 28 март, на Канал 5.

Под мотото „И ова ќе го преживееме“, манифестацијата прави пресек на изминатата 2020 година, обединувајки ги најпопуларните музичари и уметници од земјава и регионот околу идејата – големата заедничка тричасовна забава, замислена како прослава на радоста на живеењето, посветена на здравствените работници и на севкупниот медицински персонал, кои се вистинските херои на новото време.

На манифестацијата ќе бидат доделени награди во повеќе традиционални категории, а годината, таква каква што беше, наложи и неколку нови категории, како, на пример, најоптимистички хит на годината, пандемиски хит и друго.

Бидете одговорни, останете дома и гледајте Златна Бубамара на 28 март на Канал 5. Буба мара за здравје и на здравје! Подобро-здравје!