Стив Карел повторно се здружи со креаторот на хит-серијата „Канцеларија“ Грег Даниелс во нов проект на „Нетфликс“, што ќе се базира врз идејата на Доналд Трамп за американски вселенски сили.
Насловена „Вселенски сили“, комичната серија ќе го следи тимот кој добива задача да го оформи шестиот огранок на американската војска. Тоа треба да биде пародија на најавата на Трамп од 18 јуни минатата година дека би можел да лансира вселенски сили кои ќе ги бранат сателитите од вонземски напади.
Карел во најава има уште еден проект за стриминг платформа, бидејќи ќе глуми и во неименувана серија на „Епл“, покрај Џенифер Анистон и Риз Витерспун.
„Вселенски сили“ е една од неколкуте оригинални серии што ги најави „Нетфликс“, во кои главни ѕвезди ќе бидат Идрис Елба, Рене Зелвегер, Гвинет Палтроу и Тони Колет.