ЛИНДЗИ ЛОХАН ГО СНИМА НОВИОТ РОМАНТИЧЕН ФИЛМ ЗА „НЕТФЛИКС“ ВО ТОРОНТО

САД, (Пипл)

Линдзи Лохан го снима новиот романтичен филм „Враќање кај тебе“ во Торонто, Канада.

Во новиот филм на „Нетфликс“, Лохан ќе глуми заедно со британскиот актер Хенри Голдинг. Дејството се случува во 2008 година, а Лохан игра успешна, но осамена адвокатка која по грешка добива видео снимено од жена на умирање наменето за нејзиниот сопруг. Следејќи ги трагите од снимката, таа тргнува во потрага по човекот за кого е наменета пораката.

Филмот го режира Марк Вотерс, со кого Лохан повторно соработува повеќе од две децении по нивните познати филмови „Злобни девојки“ (2004) и „Откачен петок“ (2003). Сценариото е на Ерик Чампнела, а Лохан е и една од продуцентките на филмот.

Филмот е уште еден проект на Лохан за „Нетфликс“, пон некокуте романтични филмови претходно.  Датумот на премиерата засега не е објавен.

 

Фото: Фејсбук