„МОДЕРНО СЕМЕЈСТВО“ ЗАВРШУВА ВО 2020

Лос Анџелес, (АП)

Хит-серијата „Модерно семејство“, која има пет Еми награди за најдобра комедија, ќе заврши со снимање следната година после 11 сезони, потврди Еј-Би-Си. Таа е за три сезони пократка од најдолго емитуваната ситком серија, „Авантурите на Ози и Хариет“.

Серијата продуцирана од Кристофер Лојд и Стив Левитан стана хит уште по дебито во септември 2009. Таа потоа пет години по ред ја добиваше наградата Еми за најдобра комедија, додека актерите Тај Бурел, Џули Боувен и Ерик Стоунстрит имаат освоено по две Еми награди.

Тековната сезона ја следат близу пет милиони гледачи неделно.