ЦЕЛ СВЕТ ТРЧАШЕ НИЗ СКОПЈЕ – СЕ ОДРЖА 15. ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Цел свет денеска трчаше по улиците на Скопје, што уште еднаш го потврди реномето на Виз ер Скопски маратон.

Но, како што тоа најчесто бидува на маратоните низ светот, Африканците се тие кои доаѓаат да победуваат. Не разочараа ниту домашните тркачи: Адријана Поп Арсова го собори државниот рекорд во маратон, а Александар Кираџиев беше шести во многу силна конкуренција.

Победниците на маратонот дојдоа од Етиопија и Кенија (Фото: К. Попов)

На крајот, сите почести за Чалачев Асмамау Тирунех од Етиопија и за Јунис Нјавара Мучири од Кенија, кои ќе бидат впишани како победници на 15. издание на Виз ер Скопски маратон.

Севкупно, на патеката излегоа над 12.500 тркачи, што овој маратон го прави најмасовен досега и тие дојдоа од 58 држави. Освен Африка и Европа, свои претставници имаа и Северна Америка, Азија и Океанија.

На полумаратонските трки, Унгарката Зита Качер славеше пред Македонката Миљана Ристиќ, а кај мажите, триумфираше Дарио Ивановски од Македонија.

Фото: К. Попов