ПО ОТКАЗОТ ОД „АМАЗОН“, ВУДИ АЛЕН ОВА ЛЕТО ЌЕ ГО СНИМА СВОЈОТ 51. ФИЛМ

Њујорк, (Гардијан)

Вуди Ален ова лето ќе го снима својот 51. филм, прв откако „Амазон“ ја раскина соработката со него поради стари обвинувања за сексуална злоупотреба. Филмот ќе го финансира компанијата „Медијапро“, со која Ален соработуваше на некои од своите најголеми хитови, како „Полноќ во Париз“ и „Вики Кристина Барселона“.

Филмот засега нема име, но затоа е познат дел од актерската екипа, во којашто ќе бидат Криштоф Валц, Елена Анаја, Серхи Лопес и Џина Гершон. Ален повторно ќе соработува со кинематограферот-оскаровец Виторио Стораро.

Дејството ќе следи американска двојка која доаѓа на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, кадешто нивниот брак ќе биде тестиран, откако „тој се вљубува во прекрасна Шпанка, а таа во брилијантен француски режисер“.

Ален покрена тужба од 68 милиони долари против „Амазон“, откако му беше раскинат договорот за четири филма.