БРАЈАН АДАМС ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА НА 13 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Најголемата канадска рок ѕвезда Брајан Адамс доаѓа во Скопје на 13 ноември, што ќе биде негов прв концерт во Македонија. Тој ќе настапи во ВИП арената „Борис Трајковски“ во рамките на светската турнеја „Осветли светлина“ (Shine a Light), насловена според неговиот последен албум, што излезе во јануари.

Концертот е во организација на „Авалон продукција“ и ќе следи месец и пол по оној на Ерос Рамацоти.

Педесет и деветгодишниот Адамс е активен на музичката сцена повеќе од четири децении, а првиот од своите 14 студиски албуми го има објавено во 1980. Албумот „Невнимателно“ (Reckless) од 1984 година го промовираше во глобална ѕвезда и овој статус успеа да го одржи до денес.

Цените на влезниците ќе бидат објавени вечерва, а во продажба ќе бидат пуштени в понеделник наутро.