Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон повторно ќе ги играат Катнис Евердин и Пита Меларк во новиот филм од серијалот „Игрите на гладните“, насловен „Sunrise on the Reaping“, кој ќе почне да се прикажува во кината на 20 ноември. Се враќа и Вуди Харелсон во улогата на Хејмич Абернати.
Лоренс, која се прослави со улогата на Катнис во четирите филма снимени од 2012 до 2015 година, во еден подкаст раскажа дека повторната средба со колегите по 11 години била многу емотивна.
„Беше неверојатно. Беше толку чудно, бидејќи работевме со истата екипа. Повторно бев со Џош и Вуди и сето тоа беше многу емотивно“, рече Лоренс.
Новиот филм, снимен според романот на Сузан Колинс, ја раскажува приказната за младиот Хејмич Абернати, 24 години пред настаните од оригиналните филмови. Него го игра Џозеф Зада, а во актерската екипа се и Реиф Фајнс, Ел Фанинг, Киран Калкин и Глен Клоуз.
Филмот е во режија на Френсис Лоренс, негов петти од популарната филмска франшиза.
(Фото: Еверет колекшн)